![]() |
| Кратово приквечер .. |
Кратово се наоѓа во
североисточниот дел на Македонија, сместен во грлото на изгаснат вулкан. Градот
е еден од најстарите градови во Македонија и на Балканот.
ИЗВОР НА ИМЕТО
Постојат повеќе примери за
изворот на името на градот Кратово. Името Кратово
доаѓа од местоположбата на градот, кој лежи на вулканска подлога, односно
вулкански кратер. Според преданието, градот го добил името по зборовите
„кират-ова“, по името на тврдината на бреговите на Кратовска Река, урната од
Турците. Бо времето на Византија, градот е наречен „Коритос“ или „Коритон“.
АРХИТЕКТУРА
Кратово е изградено
со типична староградска македонска архитектура и е познато по своите кули и
мостови. Во градбите е значителен каменот и дрвната конструкција, пересте и
плитар, со што на градбите им овозможува еластичнот и цврстина. Стреите и
таваните биле украсувани со декоративни штички. Чардаците на секоја куќа се
посебно обележие на кратовската куќа. Од чардакот зависела и обликата на
куќата. Вратите на куќите се еден од најубавите и најобработени детаљи, тие се
како еднокрилни или пак двокрилни. Во минатото секоја кратовска куќа имала бања
за капење. Како посебна просторија во куќата имала огниште, кое служело за
загревање на просториите и за готвење храна
Кратово во средниот
век бил познат по своетo Кратовско книжевно училиште, које заедно со книжевното
училиште на манастирот Св. Гаврил Лесновски биле особено активни од 12 век до
14 век. Во училиштата се препишувале стари книги и се пишувале нови текстови од
црковна содржина, со што Кратово во раниот среден век станал културен центар.
Кратово ги има следниве културни установи: музеј на град
Кратово, домот на културата и градска библотека. Од образовни институции има,
едно средно училиште ДСУ „Митко Пенџуклиски", детската градинка „Царка
Андреева“, интернат, приватно училиште за странски јазици и едно основно ОУ
„Кочо Рацин".
КУЛТУРА
Во Кратово има три
православни цркви. Во време на турското владеење градот имал преку 20 цркви, од
кои се пронајдени остатоци.
· црквата “Св. Никола-чудотворец” во
Царина маала, обновена 1848 год.
· црквата “Св. Јован Претеча” - во
средна маала, обновена 1836 год. и
· црквата “Св. Ѓорѓи Кратовски” сместена во
старите гробишта. Таа била посветена на единствениот маченик, прогласен за
светец од Кратово од 16 век “Св.Ѓорѓи Кратовски” кој поради својата вера во
христијанството бил спален 1515 год. во Софија. Во негова чест и слава и во
чест на зачекорувањето во третиот сехристијански Милениум, Советот на општината
Кратово го прогласил празникот „Свети Ѓорѓи Кратовски” за патронен празник на
градот кој се слави на 24 февруари, а светецот „Свети Ѓорѓи Кратовски” станал
симбол и заштитник на градот и општината.
![]() |
| Музеј на Кратово |
Кратово, мал град во
Македонија, но, голем по својата архитектура,
создавана низ вековите, која недозволува во целост да се наметне модерниот стил на градба.
Поради тоа , веќе се преземени мерки за заштита и зачувување на неговиот
идентичен изглед, како белег на македонската архитектура. За неговата
специфичност, низ времето пишувале голем број патописци и историчари. Во неговата архитектура спаѓаат кули ,
мостови , чешми, куќи, цркви, џамии.
Од дванаесетте кули во
минатото, денес постојат во целост само пет , а една разрушена до половина.
Овие кули во минатото служеле како живеалишта на богатиот слој и за нивна одбрана од нападите на
непријателот.
Како одлика на градот се и неколкуте стари
мостови, кои служеле како премин преку реките, за меѓусебна комуникација на
луѓето. Мостовите придонеле за економскиот подем на градот.
Секое маало во градот имало
по неколку чешми, кои воедно биле места каде луѓето вообичаено се собирале.
Меѓутоа, примарната функција на чешмите била снабдување на градот со вода.
Кратовската куќа се одликува со специфична,
традиционална, македонска архитектура. Мал дел од нив, што преостанале, денес се со закон заштитени поради нивнато
културно значење.
Од црквите во Кратово, кои
порано биле во поголем број, но, во наврати уривани од непријателот, особено од
османлиите, денес останале само три, како резултат на нивната постојана борба
за обновување. Старите цркви имале просветителска функција на православниот народ. Со доаѓањето на османлиите
биле уривани цркви , а истовремено на нивните темели биле изградени пет xамии.
Последната xамија во Кратово постоела до
пред дваесетина години, во денешно Кратово, не постои ниту една џамија.
Во Кратово има повеќе ресторани каде може да
се пробаат кратовските специјалитети, но ќе го издвојам ресторанот Kaну (Кратовска академија на науките и
уметностите).
![]() |
| Кратово во зима |
![]() |
| Гостилница КАНУ |
Кану е место каде
може да се вкусат најдобрите кратовски специјалитети,но истовремено е и богат
етнолошки музеј во мало. Ѕидовите и секое слободно ќоше се исполнети со
тематски збирки на пасиониран колекционер: бакарни ѓумови и садови, носии од
кратовскиот крај, стари фотографии со кратовски мотиви, колекции од пазарџиски
железни ваги, сабји, јатагани и димсикии, стар “застанат” часовник... и,
највпечатливото, лустери од расклопен казан за печење ракија. Додека
разгледувате што се има, од стар звучник тивко “пеат” Александар Сариевски,
Нина Спирова и Кирил Манчевски, а душата дополнително ви ја грее оган од печка
на дрва.
Во ваков амбиент најдобро
ќе “ви легнат” јадења од македонската кујна и кратовските специјалитети.
Како предјадење земете
мешана салата, комбинација од свежо цвекло и моркови, туршија и кисела зелка, а
за отворање апетит убаво ќе ви дојде ајвар или лутеница со потпечен леб.
Понудата на аперитиви е стандардна, а она што не те да го пробате на друго место е домашната
ракијана КАНУ.
Како главно јадење гостилницата нуди разни видови скара, печено месо и тави. те да пробате и кратовска пастрмајлија, или, по кратовски пастрмајка- од велешката, штипската и радовишката се разликува по тоа што се прави со чадено месо. Она што не смеете да го пропуштите е тава со праз и свинско месо. Такво нешто ретко се пробува, а за комплетно уживање порачајте домашно вино.
Како главно јадење гостилницата нуди разни видови скара, печено месо и тави. те да пробате и кратовска пастрмајлија, или, по кратовски пастрмајка- од велешката, штипската и радовишката се разликува по тоа што се прави со чадено месо. Она што не смеете да го пропуштите е тава со праз и свинско месо. Такво нешто ретко се пробува, а за комплетно уживање порачајте домашно вино.
![]() |
| Кратовска пастрамајка |
Кратовска пастрмајка е едно
од најпознатите македонски традиционални јадења, а воедно и специјалитет на
ресторанот кој го подготвуваме од чадено (пушено) свинско месо, тесто од
одбрано македонско брашно, со јајце по избор и задолжително гарнирано со лута
феферонка. Спојот на овој кратовски традиционален специјалитет со кратовско
црвено вино доведува до вистинско гурманско уживање.
Долго ќе ги памтите
вкусовите на јадењата и благоста во очите на домаќините. Заедно со прочуените
кратовски мостови и кули, ресторанот „КАНУ“
е доволно голем повод за да го видите овој град. Цените се прифатливи за
секого, дури изненадувачки ниски.





No comments:
Post a Comment